октомври 14, 2024

Партискиот истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ „Љубиша Георгиевски“ објавува повик за учество на Првата политичка академија насловена како „Лидери за иднината“.

Главна цел на Aкадемијата е да се зајакнат лидерските знаења и вештини на политички ангажирани млади луѓе, како и да се мотивира нивното идно учество во креирањето политики кои значат напредок на Македонија.

Академијата ќе се спроведе во текот на 2023 година, преку едукативни модули и менторска програма. Првиот модул започнува на 31 март 2023 година.

Преку најмалку пет едукативни модули, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со напредни познавања од областа на уставниот и политички систем на државата и сите нивоа на власта, локалната самоуправа и јавна администрација, економските основи на македонското општество и на идеологијата на партијата, позицијата на државата во меѓународните односи, членството во меѓународните организации и основите на Европската Унија, основи за јавен настап, однос со медиуми, деловна комуникација и однос со различни целни групи во и вон изборен циклус, како и креирање јавни политики, проектен менаџмент и иновации.

Во вториот дел на академијата, преку менторска соработка со најистакнатите политички претставници на ВМРО-ДПМНЕ, учесниците ќе ги учат вештините кои ги поседуваат ефективните и успешните лидери, ќе ги зајакнат своите преговарачки и комуникациски вештини, ќе ги развијат вештините за креирање јавни политики, но и ќе ја унапредат својата мрежа на контакти. За најдобрите и најпосветените учесници, следуваат и можности за стипендиска поддршка.

Политичката академија ќе вклучи околу 30-тина лица, членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, на возраст од 22 до 35 години. Лицата пожелно е да имаат завршено високо образование и солидно да го користат англискиот јазик.

Модулите на Политичката академија се поддржани од партнерите на ВМРО-ДПМНЕ: Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ).

Сите заинтересирани учесници можат да го пријават својот интерес со испраќање на своја кратка биографија и писмо за интерес на piac@vmro-dpmne.org.mk или во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на адреса плоштад ВМРО бр. 1, 1000 Скопје, најдоцна до 10 март 2023 година, со назнака „Пријава за Политичка академија“. Потенцијалните учесници ќе бидат поканети на интервју.

The post ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ: Лидери за иднината appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK