октомври 14, 2024

Денеска врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на лицата С.А., М.А., М.А. и А.А. во с.Љубодраг, кумановско.

При претресот биле пронајдени три патнички моторни возила „лада нива“ без соодветна документација, три детектори за откривање на метали без поседување на одобрение од Управата за заштита на културното наследство, кои биле одземени, и три хаварисани патнички моторни возила со странска документација без платени царински давачки, што било констатирано од службени лица од Царинската управа.

The post Претреси во кумановско, запленети детектори за злато appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK