април 20, 2026

Верона, вчера, загуби од Милан (0:1), а по натпреварот, Гифт Орбан беше во центарот на вниманието, се тепаше со навивачите.

Напаѓачот на Верона беше незадоволен по поразот, како и навивачите.

По натпреварот, Орбан одби да застане и да се фотографира со еден навивач кој беше лут поради тоа и го удрил автомобилот на фудбалерот. Орбан излегол од возилото, а потоа ситуацијата ескалираше.

Она што започна со вербална расправија, многу брзо сè се претвори во физичка пресметка. Видео од целиот настан брзо почна да кружи на социјалните мрежи.

На местото на настанот беа и членови на специјалната полициска единица, а надлежните органи веднаш започнаа истрага за време на која ќе ги прегледаат сите снимки.

Повеќе детали за случајот ќе бидат познати во наредните денови, а засега нема реакција од клубот.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Фудбалер на Верона се степа со навивачите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK