октомври 14, 2024

Директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека леб има и се продава по 33 денари. Тој нагласи дека инспекторите се на терен и додаде дека дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи.

Вчера тој исто така објави дека ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија.

–  Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби!  Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, објави вчера Трајковски. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK