април 21, 2026

Ентони Гордон од Њукасл е прв пик на Баерн Минхен во летниот преоден рок, тврдат неколку релевантни германски и англиски медиуми.

„Венсан Компани даде согласност за трансферот на Ентони Гордон. Тренерот апсолутно го поддржува доаѓањето на Англичанецот. Разговорите со претставниците на играчот веќе се во тек, но се уште нема контакт меѓу клубовите“, напиша новинарот Флоријан Плетенберг од германскиот „Скај Спорт“.

„Њукасл ќе го продаде Гордон на Баерн ако Германците се согласат да платата 75.000.000 фунти (околу 86.000.000 евра). Раководството на клубот од „Сент Џејмс“ знае за интересот на Баерн, иако официјален контакт меѓу клубовите не е воспоставен. Се верува дека самиот играч е подготвен за трансфер. Се верува дека Германците ќе се обидат да дадат прва понуда од околу 60.000.000 фунти, што е сума на која Њукасл ќе одговори негативно“, пишува „Тајмс“.

„Сепак, Баерн е сигурно фаворит за Гордон во овој момент, пред Ливерпул и Арсенал. Претставниците на Гордон наскоро ќе се сретнат со луѓе од спортскиот сектор на великанот од Минхен.“

Според непотврдени информации, Ентони Гордон им дал одобрение на своите менаџери да започнат преговори за лични услови.

Дел од англиските медиуми пишуваат дека Баерн е фаворит за потписот на Гордон, пред Ливерпул и Арсенал, бидејќи политиката на Њукасл е да им продава фудбалери на конкуренти од премиер лигата.

Сезонава, Гордон има учинок од 17 голови и пет асистенции.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Баерн започна преговори со Гордон, Њукасл се согласи да го продаде appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK