април 21, 2026

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека Комисијата за спорт донела едногласна одлука за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории, со што се воведува нова мерка за поддршка на младите и развој на спортот во градот.

Одлуката е донесена согласно јавниот повик и предвидува Општина Битола целосно да ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови. Со оваа мерка, како што посочува Бојкоски, се овозможува овие деца активно да учествуваат во спортот без финансиски оптоварувања за нивните семејства.

Целта на мерката е да се поттикне поголема вклученост на децата во спортските активности, да се обезбеди поддршка за семејствата на кои им е најпотребна, како и да се создадат еднакви можности за развој и стекнување здрави навики.

Од Општина Битола најавуваат дека ќе продолжат со конкретни политики и мерки насочени кон младите, со фокус на достапноста на спортот за сите деца, без разлика на нивниот социјален статус.

Share

The post Бојкоски: Поддршка за младите – Општина Битола обезбедува субвенции за членство на деца од ранливите категотии семејства appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK