октомври 14, 2024

На 04.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(59) од нас.Илинден.

Имено, според пријавеното, додека вработениот М.К.(20) од с.Јурумлери, скопско, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди.

Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н.(68) од село Бујковци, скопско.

Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK