октомври 14, 2024

Покрај брендираната гардероба на Бојан Јовановски–Боки 13, со пресудата за „Рекет“, беше одлучено да се конфискува и имотот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во вредност од 50.000 евра.

На прашањето на неделникот „Фокус“ до Агенцијата за управување со одземен имот, дали конфискувале имот од Јанева или од нејзиното семејство во вредност од 50.000 евра, велат дека се преземени првични чекори.
-Агенцијата ги блокираше банкарските сметки на име на Катица Јанева. Од причина што не се најдени парични средства на сметките, пристапено е кон извршување и одземање и пренос на правото на сопственост на нејзиниот недвижен имот преку Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ. За нив е поднесено барање и ургенција за вештачење и утврдување на вредност на недвижен имот до Министерство за правда – Биро за судски вештачења, ни изјавија од Агенцијата.
Синот на Јанева, Лазар Јанев, за „Фокус“ појаснува дека имотот што им бил одземен, не бил определен со пресудата и станувало збор за наследен имот.

– Агенцијата од октомври 2021 година одзеде дел од нашиот имот и прави проценка веќе година и пол. Станува збор за наследен имот, неповрзан со кривичното дело, односно земјиште под куќа и ниви – појаснува Јанев.
Освен побарувањата од 50.000 евра, при претресот во домот на тогашната обвинителка Јанева беше запленета и една кожена ташна „луј витон“, со златни иницијали К.Ј., како и кожена аголна гарнитура, три кожени перници, две фотелји и една клуб маса.

Овој мебел сѐ уште не е продаден, односно нема нов сопственик.

Валентина Вурмо Фокус

The post Гарнитурата на Катица Јанева сѐ уште не е продадена, одземени и се ниви-открива Фокус appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK