октомври 14, 2024

Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, веќе четири дена го нема, неговите најблиски велат дека е киднапиран, а полицијата упорно тврди дека не се работи за киднапирање. МКД.мк од сопствени извори дознава дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг.
Според нашите извори, Костадиновски бил повикан на средба во скопската населба Кисела Вода. Тука влегол во сив опел во кој веќе биле неколку лица, а се претпоставува дека се работи за неплатен голем долг од некоја криминална зделка. Оттогаш, веќе четврти ден нема никаква инфомација за Костадиновски.

Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа вели дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години. „Во автомобилот во кој влегол имало три лица. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, изјави Бошковска за ММС.мк.

The post Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK