октомври 14, 2024

МВР потврди дека две лица починале по пукање во локал во стара чаршија во близина на скопското Кале.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во првичното соопштение од МВР.

Местото го обезбедуваат неколку полициски екипи и пристапот е ограничен, во тек е увид.

Како што веќе објави А1он, очевидци на инцидентот тврдат дека убиените се две лица добро познати на криминалното подземје. А, за едниот од нив тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила.

The post МВР потврди – двајца убиени и повредени во пукањето во Чаршија – Убиен е Јетон Кривањева – Жила appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK