октомври 14, 2024

За време на велигденскиот пост, исхраната на многумина се сведува на неколку намирници од растително потекло, како што се компири, зеленчук, туна.

Токму затоа, денеска ви носиме рецепт од кој ќе бидете воодушевени.

Состојки:

300 гр. парчиња соја;2 главици кромид;2,3 моркови;малку целер;малку бело зелено;зачини за чорба;2,3 компири.

Подготовка:
Зеленчукот исчистете го и изблендирајте, па ставете го да се динста на малку масло. Парчињата соја потопете ги во топла вода и по неколку минути кога малку ќе омекнат додадете ги во зеленчукот. Намалете го шпоретот, додадете малку вода и зачини по желба, па оставете да се крчка на тивок оган, а потоа додадете ги компирите исечкани на коцки.
По 20 минути, соја коцките ќе бидат меки и ќе ги соберат вкусовите на зеленчукот и зачините.
На крајот, кога сојата ќе биде готова, додадете ја смесата за гулаш, но внимавајте да биде посна. На полиците на продавниците може да се најдат бројни мешавини, а повеќето од нив се погодни за време на постот. Сепак, најбезбедно е да се прочита декларацијата.

Варете уште 2,3 минути, исклучете и оставете го тенџерето на шпорет додека не се излади. Ќе добиете фантастичен ручек, толку вкусен што ќе го правите и кога не е време за постење.
На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK