Легендарниот фудбалер и прославен српски селектор Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по борбата со неизлечливата болест. По веста која го потресе целиот спортски свет, познато е и кога ќе биде погребан Михајловиќ.
Имено, по одлука на семејството, Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник во Рим.
Да потсетиме, Михајловиќ се бореше со леукемијата од 2019 година, успеа да ја победи и да се врати на тренерската работа, но за жал, болеста повторно се врати и зеде силен замав.
Пораки со поддршка за неговото опоравување доаѓаа од различни страни, од неговите поранешни клубови, соиграчи, членови на семејството… На голема тага и жалење, Синиша не издржа.
Следете не, не има насекаде