Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Владата на Србија донела одлука да упати барање до КФОР одреден број воен и полициски персонал од државниот систем на Србија да се врати на територијата на Косово.
Во текот на синоќешното телевизиско интервју, Вучиќ, по седницата на Владата на која се одлучувало за тоа дали ќе биде испратено барање до КФОР за враќање на војската и полицијата во Косово, повикувајќи се на одредбите на Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, рече дека е донесена одлука да се бара враќање во Косово на неколку стотици до 1.000 припадници на безбедносните сили на Србија.
Како што информираше Вучиќ, предвидено е барањето да биде испратено електронски, а денес официјално да биде предадено до КФОР на административниот премин помеѓу централна Србија и Косово.
Тој рече дека не верува дека барањето ќе биде прифатено.
„Мислам дека не постои можност да го прифатат нашето барање“, изјави Вучиќ.
Според него, командантот ка КФОР, е „вистинската адреса според Резолуцијата 1244, а потоа може да се оди на Советот на безбедност на Обединетите нации“.
Тој додаде дека прифаќањето на барањето би придонело кон „мирот, намалувањето на тензиите“ и дека тоа би била „добра одлука“.
Вучиќ додаде дека Србија мора да се однесува одговорно, паметно, да има трпение и да биде подготвена на компромиси.
„Мораме да бидеме паметни и силни да го сочуваме мирот. Ги молам Србите како претседател да не ги напаѓаат меѓународните сили, да не им даваме муниција, бидејќи тие луѓе не ни се пријатели“ рече Вучиќ.
Коментирајќи го предавањето на кандидатурата на Косово за членство во Европската Унија (ЕУ), Вучиќ рече:
„Не знам што очекуваа од Србите и Србија, да бидеме среќни и задоволни, насмеани?“.
Тој додаде дека ќе изрази благодарност до земјите кои се противат на тоа.
Следете не, не има насекаде