април 29, 2024

Денес во основното училиште „Лазо Ангеловски” се одржа првиот од низата форум кои општината Аеродром ги организира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Настаните кои ќе се реализираат во текот на март и април претставуваат транспарентна и партиципативна форма на локално ниво – алка на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето на заеднички одлуки кои се важни за самата заедница и за нивниот живот.

На отворањето на првиот форум, кој истовремено претставува и почеток на овој проект свое обраќање имаше градоначалникот Тимчо Муцунски кој се заблагодари на партнерите за поддршката на проектот и на граѓаните за учеството во него.

„Помеѓу нас има различни типови луѓе кои доаѓаат од различни делови на општината и од различни сфери на животот, меѓутоа сите ние споделуваме една заедничка цел, а тоа да создадеме подобра иднина за нас и за нашите деца”, истакна Муцунски во своето обраќање.

Тој додаде дека е отворен за соработка со граѓаните.

„Како градоначалник на оваа општина, јас сум решени и отворен во соработка со вас и со ваша помош да ги направиме нашите заедници посилни, поповрзани и поотпорни. Заедно можеме да ја надминеме секоја пречка и да ја постигнеме секоја цел”, нагласи тој.

Градоначалникот Муцунски потенцираше дека една од целите на ваквите активности е потранспарентна и поотворена општина, што пак е императив во секојдневното работење кој во изминатиот период е потврден со низа активности, иницијативи и проекти и  спомена дека придонесот кој граѓаните го даваат во овие форумски сесии е придонес кон подобра општина и поодбра заедница.

По завршувањето на првата форумска сесија, форумскиот циклус ќе продолжи да се реализира со уште четири форумски сесии. Форумскиот процес е отворен за сите граѓани кои преку активно учество со своите идеи и донесување одлуки ќе бидат дел од реализација на минимум 1, а максимум 3 проекти во износ од 50.000 УСД. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK