ноември 24, 2024

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одби барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испрати порака за мир во светот пред почетокот на финалето на Светското првенство во Катар в недела, јавува американската станица Си-Ен-Ен од неименуван извор.

Изворот рекол дека канцеларијата на Зеленски и’ понудила на ФИФА да се појави на видео пред навивачите на стадионот во Катар пред натпреварот и дека, Зеленски бил изненаден од негативниот одговор.

Не се знае дали пораката на Зеленски ќе биде во живо или пак снимка. Во секој случај нема да се емитува.

EXCLUSIVE: FIFA rebuffed Ukrainian President Zelensky’s request to share a message of world peace at the World Cup final, source says https://t.co/JgtACU1hmu

— CNN Breaking News (@cnnbrk) December 16, 2022

– Мислевме дека ФИФА сака да ја искористи својата платформа за општо добро – изјави изворот.

Сепак, преговорите меѓу Украина и управното тело на овој спорт сè уште траат, додаде изворот, иако малку е веројатно дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и неговите соработници ќе дозволат финалето и сè што му претходи да се политизира и да се игра надвор од веќе пропишаните протоколи.

Ова барање на Зеленски не е изненадувачки. Киев постојано се обидува да ги искористи главните светски настани, без оглед на нивната тема, за да го задржи глобалното внимание на војната во Украина – пишува изворот.

Зеленски се појави преку видео на неколку големи настани, од самитот на Г20, до Греми наградите и Канскиот филмски фестивал. Водел и интервјуа и разговори со различни новинари, актери и познати забавувачи, меѓу кои и Шон Пен и Дејвид Летерман.

Финалето на Светското првенство е закажано за в недела во 16 часот, меѓу Аргентина и бранителот на титулата, Франција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK