ноември 22, 2024

– Четири лица се во критична состојба откако голем број луѓе синоќа се обиделе насилно да влезат во арената О2 во југозападен Лондон, соопшти денеска британската полиција.

– Детективите ги истражуваат околностите поради кои четири лица се здобија со критични повреди во Брикстон, се вели во соопштението на Метрополитанската полиција.

Полицајците, лондонската служба за брза помош (ЛАС) и лондонската противпожарна бригада на местото на инцидентот пронашле голем број луѓе со повреди за кои се верува дека биле предизвикани од нагмечување.

Во соопштението се вели дека осум лица се пренесени во болница, „од кои четворица се во критична состојба“. На местото на инцидентот им била укажана помош на други помалку сериозно повредени лица, пренесе Анадолија.

Инцидентот се случил по почетокот на концертот на нигерискиот поп пејач Асаке. По инцидентот концертот бил откажан.

– Покрената е полициска истрага и ќе биде онолку темелна и форензичка колку што е потребно за да се утврди што точно се случило синоќа, изјави полицискиот командант Аде Аделекан. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK