ноември 21, 2024

Двајца жители на Тетово добија мерка притвор откако кај нив полицајците пронашле марихуана. Според информациите добиени од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на Д.М. (27) и Л.М. (21), двајцата од Тетово, им определил мерка притвор од 30 дена и тие се спроведени во КПУ Затвор “Скопје”.

СВР Тетово соопшти дека Д.М. во понеделникот навечер на 6. март бил лишен од слобода и му била пронајдена и одземена марихуана.

„Во вторник 7. март околу 12 часот и 30 минути лишен од слобода беше и Л.М. кој во понеделникот бил со Д.М.“, соопшти СВР Тетово.

Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK