ноември 21, 2024

Ако сте навикнати наутро да пиете шолја кафе, немојте да го прескокнувате овој ритуал, колку и да сте во брзање.

Луѓето кои се навикнати да пијат утринско кафе, и ако од која било причина си го скратат тоа, имаат проблеми со памтењето, покажа едно најново истражување.
Желбата за кофеин ни отежнува да се сетиме на некои работи, па затоа е подобро, ако веќе пиете кафе, да си ја испиете дозата на која сте навикнати.

Истражувачите ги поделиле испитаниците во две групи: на првите им било дозволено да помирисаат тазе сварено кафе, а на вторите им дале да се напијат кафе. Потоа им биле направени тестови за помнење податоци научени непосредно пред експериментот.
Резултатите покажаа дека желбата за кафе дефинитивно ја намалува способноста за помнење нови информации.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK