Ако постите, веројатно секогаш сте во потрага по интересни рецепти за збогатување на вашата трпеза. Ова е еден од предлозите за појадок или вечера…
Состојки:
2 конзерви туна или сардина
праз
сок од еден лимон
сол
бибер
сенф по вкус
ДОМАШНА РИБЈА ПАШЕТА! И поевтина и ПОВКУСНА од купечката!
Подготовка:
Изгмечете ги со вилушка туната или сардините ако се на парчиња, а ако се веќе иситнети исцедете ги. Празот пресечете го на средина бидејќи полесно и подобро ќе го измиете од земјата и песокот. Исечете, посолете, забибер и изгмечете малку со рака. Соединете ги сите состојки и по желба додадете сенф. Исечете го лебот, запечете во рерна и послужете со намазот од туна.