ноември 21, 2024

Состојки:

1 кг филети од риба
400 мл пиво
осум лажици брашно
една лажичка сол
три лажици масло
брашно
трошки од леб
сусам и лен по желба

Сочни и вкусни: Поховани ФИЛЕТИ од риба во пиво

Подготовка:
Филетите треба да бидат полузамрзнати. За време на печењето ќе пуштат вода, но не целата, па ќе останат сочни.
Во пивото додадете брашно и сол, па добро изматете да нема грутчиња. Смесата треба да биде потенка, како за палачинки. Филетите посолете ги само од едната страна. Додека маслото се загрева, филетите се посолуваат.
Секое филе валкајте го во брашно, па во смесата со пиво, па во презла (во која сте додале сусам и лен по желба).
Се става во загреано масло и се пржи од двете страни до златно кафеава боја.
Послужете со ориз со зеленчук и лимон.
Пријатно!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK