Ви споделуваме рецепт за палачинки од тиквички и сирење кој е лесен и брз за подготовка.
Потребни состојки:
700 грама тиквички
млад кромид
250 грама фета сирење
130 грама брашно
магдонос
1 лажица мелен пипер
3 јајца
лимон
сол и пипер
масло за готвење
Палачинки од тиквички и сирење
Начин на подготовка:
1.Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги на крпа околу 20 минути за да се исцедат.
2.Измешајте го кромидот со фета сирењето, па додадете ги магдоносот и мелениот пипер. Додадете брашно, сол и црн пипер и изматените јајца. Добро промешајте ги состојките.
3.Добро исцедете ги тиквичките и додајте ги во смесата.