ноември 23, 2024

Тиквичките се вистински хит секое лето. Можат да бидат совршена закуска за појадок, ручек или вечера. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за солени колачи со сирење и тиквички кои не само што се вкусни туку се и едноставни за приготвување.

Потребни состојки:
350 грама тиквички
60 грама сирење
50 грама лебни трошки
30 грама пармезан
2 лажици брашно
1 јајце
½ лажичка суво оригано
сол и бибер по желба
масло за печење

Рецепт за превкусни солени колачи со тиквички и сирење

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во чиста крпа за да се исцеди вишокот вода.
Ставете ги исцедените тиквички во поголем сад и измешајте ги со ренданото сирење и јајцето.
Во смесата додадете ги лебните трошки и зачините.
Со раце обликувајте ги колачите со по една до две лажици од подготвената смеса додека не ја потрошите целата.
Колачите ставете ги во загреана рерна на 200 степени целзиусови и печете околу 20 минути или додека не поруменат и не станат крцкави.
Послужете со сос по желба. На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK