октомври 5, 2024

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со некои од овие пораки со кои ќе им го покажете вашето внимание, а истовремено ќе им го направите денот уште поубав и повесел.

Прекрасни честитки по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената

Прекрасни честитки по повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената

Биди горда што си жена. Мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна и внимателна. Биди таква уште долги години. Среќен 8-ми март!Нека среќата стане твоја реалност, здравјето трајност, љубовта постојано да го грее твоето срце и нека ти се оствари сѐ што посакуваш. Среќен празник!Уживај во среќата, а љубовта нека биде твој најверен придружник. Искусувај само пријатни моменти во животот, не само овој, туку секој нареден ден во годината. Среќен 8-ми март!Што и да се случува, една жена никогаш нема да биде заборавена и вечно ќе живее во моите срце и душа. Среќен празник, мамо!Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми март!Нека секој следен ден ти биде подобар, сите желби остварени, и не заборавај на сонцето дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!Те сакам затоа што си најдобра, полна со разбирање и издржливост. Горда сум што си ми мајка. Среќен 8-ми март, мамо!Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу среќа и бакнежи исполнети со љубов. Најубави желби за овој ден, среќен празник!Секоја добрина која ја даруваш нека ти се врати во поголема мера, нека љубовта биде твоја водилка низ животот и уживај не само денес, туку и секој нареден ден. Среќен 8-ми март!Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!Среќен празник на најубавата, најуспешната и најинтелигентната жена. Секогаш стреми се кон иднината и нека те пратат само убави моменти!Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека некому си му целиот свет. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен 8-ми март!Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK