октомври 5, 2024

Преку социјалните мрежи се проширија закани за можен терористички напад на линиите два и шест од бриселското метро.

Откако Европската комисија примила две заканувачки пораки на руски јазик, надлежните веднаш ја алармирале полицијата за навреме да реагира и да спречи можен напад.

Во споменатиот мејл пишува дека експлозиите ќе се случат на 8. март.

Полицијата утврдила дека и двата мејлови биле испратени од истиот човек кој прво ја контактирал ЕК на 16. февруари, а потоа и на 3. март, пишува Brussels Times.

ДРАМА ВО БРИСЕЛ – Заканувачки пораки до Европската комисија испратени на руски јазик: Амбасадата на САД ИЗДАДЕ предупредување од можен терористички напад

„Во светло на континуираната агресивна политика на ЕУ, со ова писмо ве предупредувам за големи терористички напади на територијата на ЕУ“, се вели во мејлот на руски јазик.

Белгискиот национален кризен центар соопшти дека будно ја следат ситуацијата на терен.

Итно предупредување до граѓаните во меѓувреме најави и американската амбасада.

Во соопштението ги замолуваат граѓаните да избегнуваат гужви, да се трудат да бидат незабележливи, како и да ги следат локалните медиуми и навреме да се информираат за се.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK