октомври 5, 2024

Кралското семејство уште еднаш е под будното око на јавноста, но овојпат причината не се принцот Хари и Меган Маркл, туку британскиот обожуван кралски пар, Вилијам и Кејт.  Имено, „Marca“ некако дошла до информации дека  Вилијам има љубовна афера со моделот Сара Роуз Хенбери.

Како што наведуваат тие, Вилијам го поминал Денот на вљубените со Сара. Сара е родена во 1984 година и е венчана за маркизот од Чолмонделеј со кој има три деца. Пред да се венча работела како модел.

Ова не е првпат да има сомнеж во тајната врска на Вилијам и Сара. Уште од 2019 година првпат започнале гласините за наводната врска со Сара.

Таа повторно ги иницирала сомнежите кога се појавила на погребот од кралицата Елизабета Втора во друштво на својот сопруг Дејвид иако генерално се блиски пријатели со кралското семејство.

Првите сомнежи за симпатиите меѓу Вилијам и Сара ги објави британски „The Sun“. Сара и Кејт на почетокот биле добри пријателки, но тоа повеќе не е случај, пишува „Newidea“.

Сепак, во април минатата година кралскиот експерт Ендру Мортон кажал дека оваа токсична приказна е чисто измислување и дека Вилијам и Кејт одлучиле тоа да го игнорираат и воопшто да не го коментираат.

The post Принцот Вилијам е во тајна љубов со моделот Сара Роуз, објавија британските медиуми appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK