октомври 5, 2024

Во Основниот суд Тетово денеска започна судењето за малолетната 17 годишна девојка која во декември 2022 година беше обвинета од Обвинителството како осомничена за убиство на 16 годишно момче во месноста Бањиче.  

-Главната расправа е завршена и дополнително ќе биде изречена пресудата. Осомниченото женско лице се товари за убиство, информираа од Основен суд Тетово.

Адвокатот Ибраим Бајрами, кој учествуваше денеска во процесот како бранител на осомничен,а по завршување на рочиштето пред новинарите истакна дека детали од ова судење со одлука на судот нема да бидат изнесени пред јавноста.

– По наредба на судот за кривичните предмети кои што се водат против малолетници, каде што жртви се малолетници не се дозволени изнесување на било какви околности за настанот на кривичните постапки. Поради тоа сметам дека оваа одредба од членот 99 од Закон за права на деца треба и вие да го анализирате и согласно тоа да вршите известувања и да побарате посебна дозвола од судот, судијата за деца, кој што одлулува кој дел од постапките е возможно да бидат предмет на јавен интерес, изјави адвокатот Ибраим Бајрами.

На 22 декември 2022 полицијата информираше дека безживотното тело на 16 годишното момче беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското обвинителство до Основниот суд на 23 декември поднесе барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство, за осомничена 17 годишна девојка од селото Рогле, Општина Желино. Воедно за осомничената беше определена и мерка притвор. Убиениот малолетник е од Ново Село.

Девојката од тетовското село село Рогле е обвинета дека со тврд предмет го нападнала момчето од Ново Село од Општина Желино со кој била заедно лани на 22 декември во тетовско Бањиче.
По настанот утредента Основното Јавно обвинителство информираше дека осомничената 17- годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.
„По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката“, соопштија лани на 23 декември од Јавното обвинителство.
16-годишното момче беше пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK