Повеќе од половина од тинејџерките во Јапонија користат генеративна вештачка интелигенција за да побараат совет за лични проблеми и дилеми, покажува анкета на јапонската влада.
Според анкета на жени корисници на вештачка интелигенција спроведена од панел за потрошувачи на јапонската влада, 52,4 проценти од тинејџерките потврдиле дека се консултираат со вештачка интелигенција за своите дилеми и грижи, што е најголем удел кај сите возрасни и полови групи, објавува дневниот весник „Јапан Тудеј“.
Повеќе од 30 проценти од жените на возраст меѓу 20 и 40 години користат вештачка интелигенција за истата цел, додека помалку од 30 проценти од мажите го прават тоа во сите возрасни групи.
Онлајн анкетата беше спроведена во февруари меѓу корисници на генеративна вештачка интелигенција од тинејџерските години до оние во 70-тите години и постари, со вкупно 1.442 анкетирани лица, 103 мажи и 103 жени во секоја возрасна група.
Анкетата, исто така, покажа дека 38,6 проценти од испитаниците рекле дека им веруваат на советите од вештачката интелигенција за лични односи и социјални интеракции во голема мера или делумно.
Овој тренд беше особено забележлив кај помладите корисници од двата пола, при што бројката се искачи на 63,1 процент кај тинејџерките, според јапонскиот дневен весник.
The post Проблем во Јапонија: Повеќе од половина тинејџерки користат AI за совет appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
