октомври 5, 2024

Манијакот кој се самозадоволуваше во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, Сонер Арслан, едвај собра храброст да ги погледне четирите жртви во очи.

На рочиштето, призна вина, изрази каење и ветуваше дека нема да го повтори делото. Најмладата негова жртва е 19-годишно девојче, додека највозрасната имала 24-години. Вкупно се пет, а четири беа и во судницата. Тој беше со грб свртен кон нив, па дури и кога судијката Љубинка Башевска му укажа дека не треба да и се извинува на неа, туку на оштетените девојчиња. На рочиштето на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, има 30 години и е верен, бараше поблага казна и ветуваше дека нема да го повтори делото.

Да виновен сум. Признавам дека ги сторив кривичните дела онака како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. Многу се каам, многу се извинувам“, кажа тој пред судијката.

„Дали ви е јасно дека ви следува санкција, дека треба да платите трошоци, дека ако некој од оштетените бара штета ќе треба истото да го платите?“, праша судијката, а тој одговори: „Јасно ми е, да“.

„Доброволно го давате признанието? Никој не ве принуди“, кажа судијката, на што тој одговори: „Со мозокот не бев добар…“, кажа обвинетиот, а судијката препраша: „Дали некој ве принуди да признаете? Дали знаете каде сте што сте?“, а Арслан одговори: „Да признавам“.

Арслан, вети дека нема повеќе да се самозадоволува пред девојки на јавно место.

„Цел живот нема да правам вакви грешки. Многу се каам. Татко ми е стар, јас само со него живеам, не може да работи. Во април ќе се женам ќе имам свадба. Барам помош од вас“, рече Арслан.

The post Манијакот од Скопје кој се самозадоволуваше пред девојчиња во Април имал свадба закажано. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK