октомври 5, 2024

По подолга пауза музичарот Никола Јанков Коки од некогашното дуо „Дуле и Коки“ промовираше нова песна. Станува збор за песната „Муабет“ чии музика и текст ги напиша тој, а аранжманот е на Дејан Георгиевски Ѕене. Спотот го работеше со Дарио Јанковиќ.

„Се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не излегуваат преку ноќ. За вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота. Лесно е денеска да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и да го наречете тоа песна“, ни рече Коки.

Објасни дека не станува збор за автобиографска песна и дека како и тој многумина ќе се пронајдат во неа.

„Мислам дека многу луѓе ќе се пронајдат во неа, па зошто да не и јас“, рече Коки.

The post По подолга пауза Коки сними нова песна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK