октомври 5, 2024

Во присуство на голем број љубители на модата, вчера во Ист Гејт, под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот”, се отвори 26. Моден викенд Скопје. Годинешната тема на Деновите на италијанскиот дизајн е „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината“.

Настанот го отвори италијанскиот амбасадор Андреа Силвстри кој рече дека Италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенките и темнината и дека Италија е број еден во светот по бројот на дизајнерски компании.

На модната ревија на која продефилираа голем број манекенки и модели беа претставени најновите колекции на италијанските брендови брендови Аrmani, Liu Jo, Patrizia Pepe, Twinset, Sigma Jewlery, Dan John, Errea, Lemare, Tosca Blu, Bark shoes, Fratelli Bovo, Daniela Coaro, Utopia, Sergio Rossi, Trussardi, и Kiko Milano.

Модниот викенд го означи својот старт годинава на нова локација и со нов концепт, а ќе продолжи и во наредните денови со промоција на некои од домашните дизајнерски сили на модната сцена. Настанот се одржува во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.

Љ.В.

 

 

The post Скопје ја живее италијанската мода: со ревија се отвори Модниот викенд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK