октомври 5, 2024

Омилениот холивудски глумец Чак Норис денес го слави 83 роденден.ќа Роден е на 10 март во 1940 година во местото Рајан во Оклахома. Татко му бил алкохоличар и често го бркал надвор. Чак и двајцата помлади браќа ги израснала мајка им Вилма.

Во военото воздухопловство на САД се приклучил во 1958 година. Тогаш бил испратен во база во Јужна Кореја каде почнал да ја тренира корејската боречка вештаина Танг Со До. Кога се вратил во САД во 1962 година, отворил неколку школи по карате.

Шест пати бил светски шампион, а во 1972 година го запозна Брус Ли со кого глумеше во „На патот на змејот“. Подоцна се запиша на часови по глума, а најмногу е познат по улогата на Кордел Волкер во серијата „Волкер, тексашкиот ренџер“.

Норис стана познат и по неговите популарните „Факти на Чак Норис“. Станува збор за сатирични факти за него кои станаа интернет феномен и во кои се зборува за апсурдни претерувања на неговата сила, способности и мажественост.

„Chuck Norris facts“ се појавија на форумите на страницата „Something Awful“ во 2005 година. Во објава на неговата официјална веб-страна, Норис рече дека некои од шегите се навистина смешни и дека се труди ниту една од нив да не ја сфати лично. Додаде дека се надева дека со нив ќе ги поттикне луѓето да истражат уште некои вистинити факти за него.

Во 2007 година беше објавена книгата „Вистината за Чак Норис: 400 факти за најголемиот човек на светот“, а Чак поднесе тужба против издавачот затоа што го користел неговото име, без согласност, со цел да се збогати, а исто така беа наведени и прекршувања на правата на приватност. Подоцна се откажа од тужбата.

Година подоцна, Норис одлучи да профитира од шегите и во 2009 година ја објави „Официјалната книга со факти за Чак Норис“, чиј коавтор е самиот тој.

Во едно од своите интервјуа откри и која шега која луѓето ја раскажуваат за него му е најомилена.

„Луѓето сакаат да го видат лицето на Чак Норис на планината Рашмор, но каменот не е доволно цврст за неговата брада“, рече Норис.

The post Чак Норис откри која му е најомилена шега која луѓето ја раскажуваат за него appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK