октомври 5, 2024

Кошаркарите, тренерите и навивачите од кошаркарскиот клуб Албес, кој игра во третата македонска лига, се тепале меѓу себе на натпреварот со Спарта. Инцидентот се случил пред крајот на полувремето, кога еден од кошаркарите на Албес промашил две слободни фрлања. Тренерот се налутил, па на тајмаут дошло до вербална кавга помеѓу двајцата и бркање на кошаркарот.

На патот кон соблекувалната дошло до тепачка во која се вклучиле и останатите членови на Албес, како и навивачи, роднини и пријатели на овој тим кои се симнале од трибините.

Според информациите од официјалниот записник, целиот гостински тим на чело со тренерот на паузата ја напуштил салата, по што следел и службен пораз.

The post Кошаркари, тренери и навивачи од ист тим среде натпревар се тепале меѓу себе appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK