октомври 5, 2024

Хаосот со јавниот автобуски превоз во Скопје никако да се надмине.

Откако повеќе од три месеци граѓаните беа лишени од услугите на приватните автобуски превозници, градоначалничката
Арсовска, која тврдеше дека на Скопје му е доволна само флотата на ЈСП, реши повторно да ги врати на скопските улици автобусите на приватните превозници.

Но додека траеше спорот со приватните превозници, советниците од Советот на Град Скопје не гласаа за предлогот на Арсовска да се земе заем за набавка на 50 нови еколошки автобуси.

Тој предлог повотрно се најде пред советниците и повторно беше одбиен, но Арсовска најави дека таа точка ќе биде ставана на дневен ред се додека не биде усвоена, вперувајќи го прстот кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ со кои заедно ја доби поддршката од граѓаните на изборите.

„Тоа ќе биде точка на дневен ред секоја седница на Советот, сѐ додека самите советници не ја изгласаат. Од причина што, за тоа, граѓаните гласале на овие избори. Граѓаните сметаат дека е потреба. Не само да се реформира јавниот превоз, туку и да добијат јавен превоз што ќе биде за нив достапен, пристапен, сигурен, безбеден, меѓутоа и еколошки. Постојат некои стандарди што е неопходно да ги исполниме а тоа е едно од нештата што беа ветени и мора да се реализира. Сите коишто декларативно кажуваат дека ги поддржуваат, програмата за модерно Скопје, овие еколошки автобуси, реформата на јавниот превоз, сметам дека тоа треба да го докажат и во пракса. А доколку не го направат тоа, одговорноста ќе биде исклучиво кај нив“ порача Арсовска.

И додека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ псотојано се препираат, штети трпат граѓаните кои со редуциран автобуски ред повеќе од три месеци се возат во преполни автобуси кои често пати и не се на време, па скопјани речиси постојано доцнат на работа, на училиште или во институциите каде што има потреба да одат.

Имајќи предвид дека ниту Арсовска ниту советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да попуштат, очигледно е дека овој хаос во јавниот превоз ќе потрае подолг период.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK