октомври 5, 2024

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша закон со кој се воведува смртна казна за државни службеници и воен персонал. Медиумите пренесуваат дека со тоа сака да си ја осигура лојалност на државните службеници и воениот апарат.

Казната ќе важи за сите кои ќе бидат прогласени за виновни за велепредавство, со што на националната безбедност на Белорусија ѝ нанесле непоправлива штета. Толкувањето на ова е оставено на судовите.

Обичните граѓани може да бидат казнети за терористичка пропаганда, „понижување на воените сили и повреда на прописите за заштита на државна тајна. Слични репресивни параграфи усвои и Русија по почетокот на инвазијата на Украина.

Законот доаѓа по нападот на 26 февруари врз руски воен авион во близина на главниот град на Белорусија од страна на белоруски герилци. Лукашенко претходно оваа недела објави дека главниот осомничен, Украинец, како и 20 негови наводни соучесници се уапсени.

За потсетување Белорусија е последна европска земја во којашто сѐ уште се спроведува смртна казна. Смртните казни се спроведуваат со стрелање.

The post Лукашенко воведе смртна казна за сите велепредавници appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK