октомври 5, 2024

Водителката Лила Филиповска за списанието „Убавина и здравје“ за првпат проговори за својата најголема животна борба, ракот на дојка.

По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава. Во битката со канцерот, победникот е Лила.

„Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи. Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: ‘Лила, во оваа битка ти си победникот!’ За среќа, го дочекав тоа“, вели Лила за „Убавина и здравје“.

 

Водителката признава дека кога ја слушнала дијагнозата била во неверување.

 

„Првата помисла ми беше: ‘Дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам?’. Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно“, признава таа.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

The post Лила Филиповска ја симна периката и проговори за борбата со ракот: Првата помисла ми беше – „уште колку имам“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK