ноември 21, 2024
Протестите беа организирани од синдикатите кои ги претставуваат работниците во многу јавни служби, барајќи подобри плати и работни услови, поради зголемената инфлација низ Европа.

Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците на Брисел за да протестираат против зголемените трошоци за живот, кои предизвикаа застој во системот на јавниот транспорт и го прекинаа овонеделниот самит на Европската унија.

Бриселската полиција соопшти дека 16.500 луѓе учествувале на демонстрациите, организирани од синдикати кои ги претставуваат работниците во многу јавни служби, барајќи подобри плати и работни услови додека инфлацијата расте низ Европа, пренесува Ројтерс.

Цените на гасот и електричната енергија пораснаа по руската инвазија на Украина. Вкупната инфлација во Белгија беше 10,63 отсто во ноември, додека потрошувачката инфлација низ еврозоната беше околу 10 отсто.

„Кога ќе се вратите дома кај децата, сакате куќата да ви биде топла. Користењето на енергија не треба да биде привилегија“, рекол еден од демонстрантите, пренесува британската агенција.

Демонстрациите беа мирни, но бриселскиот аеродром соопшти дека мора да откажат неколку летови поради протестите, додека локалната полиција соопшти дека сообраќајот е во прекин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK