ноември 22, 2024

Притисокот врз Мелитопол значи и притисок врз руските нерви во врска со кршењето на одбраната на полуостровот Крим

Русија и Украина во вторникот разменија тежок артилериски оган во регионот на Доњецк и на југот на земјата, додека Емануел Макрон беше домаќин на состанокот во Париз за помош на Украина, чие население едвај преживува на ниските зимски температури.

На јужното бојно поле, украинските сили делумно го оштетија мостот во близина на градот Мелитопол, кој е во руски раце и кој ја претставува главната цел на украинските сили во тој дел од земјата. Тоа е премин преку реката Молочна, која се наоѓа источно од Мелитопол. На видеото објавено од украинската страна се гледаат две оштетени потпори на мостот, што го прави неупотреблив за тешка воена опрема. Пред два дена Украина удри во хотел во истиот град, при што имаше значителен број жртви.

Реприза на Херсон?

Многу аналитичари го гледаат украинскиот притисок како повторување на стратегијата користена за време на враќањето на градот Херсон. Притисокот врз Мелитопол значи и притисок врз руските нерви во врска со кршењето на одбраната на полуостровот Крим. Имено, украинските сили ги напаѓаат руските воени цели, вклучувајќи линии за снабдување и логистички канали кон Крим и градовите лоцирани понатаму на исток, Бердјанск и Мариупол.

Украинската армија извести дека успешно ги одбила руските напади на десет области во Доњецк. Русија исто така тврдеше дека полека ги поместува своите позиции и дека претходниот ден во еден напад убила 30 украински борци. Сепак, независните анализи велат дека рускиот напредок е слаб и покрај неколкунеделните тешки борби. Околу 70 земји и меѓународни организации се сретнаа во Париз на донаторска конференција за Украина. Имено, руската кампања за фрлање на земјата во мрак и студ продолжува успешно, а помошта на сојузниците треба да стигне до Украина во наредните недели и месеци и да му помогне на населението кое страда во услови на тешка зима. Додека веќе неколку дена се најавува нов бегалски бран од замрзната Украина, францускиот претседател отворајќи ја конференцијата руското гранатирање на цивилната енергетска инфраструктура го нарече воено злосторство што се случува како знак на одмазда за загубите на фронтот.

Melitopol’s bridge now looks like this….

A bridge in the city of #Melitopol was blown up, from this bridge weapons were supplied to the Russian army.#UkraineRussiaWar #Ukraine #Ukrayna #Ukrainian #Russia #RussiaUkraineWar #Russian pic.twitter.com/zkP6cCUNmK

— WORLD ANALYSIS (@_WorldAnalysis) December 13, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска им кажа на учесниците дека 12 милиони жители се без редовно снабдување со електрична енергија. Зеленски посочи дека многу се потребни генератори, оклопни возила и панцири за војниците. Нападите со руски беспилотни летала низ земјата уништија половина од енергетската инфраструктура. Ден претходно Зеленски побара модерни тенкови и оружје со долг дострел од земјите-членки на групата Г7. Зборувајќи за инфраструктурата, тој рече дека на владата во Киев и се потребни 800 милиони за „итни енергетски потреби во текот на зимата“.

Втората средба – меѓу Франција, Украина и околу 500 компании – треба да најде одговори на прашањата за тоа како да се инвестира во Украина на краток и долг рок. Француски дипломат им рече на новинарите дека приоритет е да се осигура дека електричната мрежа нема да се урне и водоводните цевки да не замрзнат. Швајцарската компанија Нестле најави изградба на фабрика во западниот дел на Украина. Емануел Макрон пред конференцијата изјави дека има договор за отстранување на тешкото вооружување од нуклеарната постројка Запорожје и дека се разговара за деталите. Помош за Украина најавија голем број сојузници, меѓу кои и Германија. Берлин ќе одобри уште 50 милиони евра помош за Украина поради нападите врз украинската инфраструктура, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Таа додаде дека Берлин работи на испорака на генератори, ќебиња и гориво за греење.

Преговори за примирје

„Нема да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да го скрши народот на Украина“, изјави Баербок од Париз.

Два дена се разговараше за можноста за мир или барем примирје. Имено, Украина во понеделникот го претстави својот предлог, наведувајќи дека мирот е можен доколку Русија ги повлече своите војници од украинската територија и ги врати сите окупирани територии. Зеленски предложи да се одржи „светски самит за мир“ во понеделник. Се огласи и Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, кој рече дека „не доаѓа предвид“ Русија да ја повлече својата војска пред Божиќ, како што бара Зеленски. Кремљ вели дека Украина мора да ги предаде териториите анектирани од Русија пред какви било дипломатски преговори. Но, Украина не се согласува. Киев мора да ја прифати фактичката состојба на теренот, според Москва. „Руската Федерација има нови граѓани по референдумот одржан на тие територии“, рече Песков, додавајќи дека нема да има дипломатски напредок додека Украина не го прифати.

Добри вести за Украина пристигнаа од Унгарија, која конечно го отстрани ветото од испраќање помош во вредност од 18 милијарди евра за Киев во замена за одмрзнување на фондовите на ЕУ. Унгарија го објасни своето вето за испраќање помош за Украина со тоа што се спротивстави на новото задолжување и рече дека помошта треба да се преговара со Киев на билатерална основа. Сепак, сега одлучи да го повлече своето вето за да ги ослободи европските фондови за обновување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK