ноември 21, 2024

Таа тврди дека никогаш во животот немала со кого да разговара за ова

Опра проговори за застрашувачките симптоми кои ги доживеала за време на менопаузата и открила дека на моменти нејзиното срце чукало толку силно што „мислела дека ќе умре“, пренесува Дејли Мејл.

Познатата ТВ водителка учествуваше во епизодата на емисијата „Преглед со д-р Дејвид Агус и зборуваше дека симптомите и се влошиле со текот на времето, а исто така кажала дека често се будела навечер и се прашувала дали ќе издржи до следниот ден.

Моите дневници се полни со реченици како „Не знам дали ќе издржам до утрото“ – рекла таа.

Опра Винфри

Водителката додаде дека за време на менопаузата почнала да се чувствува немирно и неспособна доволно добро да се фокусира на читањето, што ја поттикнало да стави крај на „Клубот на книги на Опра“. Таа исто така нагласи дека еден од нејзините најекстремни симптоми се палпитациите на срцето.

Бев во перименопауза, како во доцните 40-ти, и имав неконтролирано срцебиење – открила телевизиската ѕвезда.Отидов кај сите можни лекари и се обидов да разберам што ми се случува – се присетила таа.

Винфри објаснила дека отишла кај пет различни лекари, очајно обидувајќи се да најде причина и решение за нејзините палпитации.

Таа отиде кај кардиолог кој и дал лекови за срце и ангиограм, скен што покажува проток на крв низ артериите, вените или срцето. Таа тврди дека никој никогаш не сугерирал дека тоа би можело да биде менопауза.

Винфри рекла и дека нејзината мајка била „многу приватна личност“ и дека тоа е една од причините зошто таа не знаела многу за менопаузата.

Не можев да ја натерам мајка ми да зборува за тоа. Само се обидував да откријам дали имам „топли бранови“ или нешто слично“, рече Опра пред да забележи дека нејзината мајка не се ни сеќава дека нејзиното тело отишло во менопауза.

Мајка ми беше многу затворена личност и мислам дека не ги препозна симптомите – изјавила познатата водителка.

Опра и Марија Шрајвер

Нејзината пријателка Марија Шрајвер рече дека Винфри е загрижена поради недостигот на информации и стигмата околу менопаузата, и дека двете сакале да привлечат внимание на тоа, бидејќи многу жени често не ги препознаваат симптомите.

Мислам дека жените мислат дека менопаузата само значи крај на нивниот период, но не поврзуваат срцебиење, анксиозност, депресија, безволност, недостаток на концентрација и други симптоми со тоа – велат Шрајвер и Опра. Тие исто така веруваат дека целиот процес најпрво се случува во мозокот и дека сите овие емоции кои произлегуваат преку него се поврзани и се припишуваат на перименопауза или менопауза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK