октомври 6, 2024

Лорин Зинеб Нора Талхауи, попозната како Лорин (39), со песната Tattoo ќе ја претставува Шведска во мај на Евровизија во Ливерпул, Британија. Лорин победи на „Мелодифестивален“, кој заврши во петокот по месец ипол.

„Целосно се вложив во песната. Бев вклучена во процесот на создавање на композицијата, која ја приспособив на себе и на она што сакав да ѝ го покажам на публиката. Со оваа песна сакам да порачам дека сите мора да најдеме надеж во овој хаотичен свет, дека мора да се фокусираме на себе и да ја пронајдеме во себе ватрешната сила“, рече Лорин, која во Ливерпул ќе настапи во првото полуфинале.

Шведската репрезентација, продуцирана од SVT (Sveriges Television AB), го емитуваше финалето на натпреварот од „Френдс арена“ во Стокхолм, каде што поканија осум земји-учеснички на ESC да бидат дел од нивниот тим за гласање. Во жирито беа вклучени Австралија, Белгија, Латвија, Малта, Шпанија, Германија, Австрија и Хрватска.

Од почетокот Лорин важеше за фаворит, а Шведска со денови убедливо води во обложувалниците на Евровизија. Шведската претставничка е позната и по песната Euphoria со која победи на Евровизија 2012 година во Баку.

The post Лорин ќе ја претставува Шведска на Евросонг во Ливерпул appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK