октомври 6, 2024

Четири астронаути се вратија дома по петмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица. Се вратија со вселенската капсула на компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“.

Нивната капсула утрово, по 19 часа лет, слета во водите на Мексиканскиот залив, недалеку од брегот на Флорида, во близина на Тампа.

Екипажот беше составен од астронаути од САД, Русија и Јапонија, а освен во рамки на својата мисија, морале да се позанимаваат и со неуспехот на двете руски капсули кои слетаа.

Астронаутката на НАСА, првата Индијанка во вселената Никол Ман рече дека по слетувањето едвај чека да го осети ветерот, мирисот, тревата и вкусната храна.

Јапонскиот астронаут Коичи Ваката се шегуваше за суши, додека руската космонаутка Ана Кикина рече дека едвај чека да пие топол чај од вистинска чаша, а не од пластична кеса. Астронаутот на НАСА Џош Касада рече дека едвај чека да купи куче.

Екипажот беше заменет со четворица астронаути кои пред десет дена пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде што ќе поминат шест месеци.

 

The post Четири астронаути слетаа на Земјата по пет месеци во Вселената appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK