октомври 6, 2024

Судењето за предметот во кој обвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денесдка повторно е одложено, овој пат на неопределено, поради здравствените проблеми во кој се наоѓа поранешниот функционер, објави Фактор.

Последното рочиште беше одложено бидејќи Зеќири, според лекарите, не е во добра здравствена состојба.

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека судењето за предметот во кој му се суди на екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири нема да се одржи. Неизвесно е и кога истото би продолжило и ќе зависи каква ќе биде здравствената состојба на Зеќири.

Од Основниот кривичен суд во Скопје информиураа дека „… до судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради достабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели. Со оглед да се работи за здравствена состојба, судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Зеќири, според обвинението, како генерален секретар на Владата приватно склучил договори за консултантски услуги за анализа на состојбите во поштата и железницата. Поточно, тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за над еден милион евра.

The post По предлог на психијатар, судењето на Зекири одложено за неодредено appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK