октомври 6, 2024

Михаил Иванов – бугарски професор и поранешен советник бугарскиот претседател Жељу Желев, го поддржа македонскиот претседател Стево Пендаровски кој вчера побара извинување за улогата на Софија во депортацијата на македонските Евреи.
Иванов на социјалните мрежи го цитираше Пендаровски, по што додаде дека се приклучува кон повикот.

„Правда значи да се препознае и именува вистината, а таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, мора да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи“, порача претходно Пендаровски.

Во друг статус на социјалните мрежи Иванов вели и дека го боли кога го слуша Горан Садикарио – директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.

„Тој е апсолутно во право. Зошто не ги слушам демократските политички партии за срамната позиција во која генералот Радев и неговиот круг ја ставија Бугарија?“, додаде Иванов.

The post Бугарскиот професор Иванов го послуша Пендаровски, па бара од Бугарите јавно да им се извинат на сите Евреи.. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK