октомври 6, 2024

Апелациониот суд Скопје ја потврди осумгодишната казна затвор за стрелецот Благој Пешиќ од Кавадарци за обљуба на 13-годишно девојче за време на тренинг, изречена од Основниот суд Велес.

Кавадарчанец (татко на позната јавна личност) обљубил 13годишно девојче. Сега ќе оди во затвор 8 години

Судот во Велес во 2019 година првпат го осуди на казна затвор, а во 2022 година, на повторено судење, ја потврди казната, која тој ја обжали на Апелација.

Апелациониот суд пресудата по жалбата ја донел на крајот на декември минатата година, но мајката на обљубеното девојче вели дека минатата недела судот официјално ги известил.

Ни стигна пресудата и на домашна адреса и кај адвокатот. Ја истеравме правдата. Одлуката на Апелациониот суд ја доживеавме како олеснување за сите маки низ кои минавме последниве шест години, изјави мајката.

Семејството ја доби пресудата од Апелација токму шест години по пријавувањето на обљубата. Во март 2017 година МВР извести дека полициската станица во Кавадарци добила пријава за полов напад врз 13-годишна ученичка од својот тренер по стрелаштво, кој последните три месеци во повеќе наврати вршел обљуба, а последен пат неколку часа пред да биде поднесена пријавата.

На почетокот на судењето, во 2017 година, пред судот во Велес на протест за поддршка на стрелецот Пешиќ излегоа негови роднини и пријатели, предводени од неговата ќерка, Дивна Пешиќ, поранешна македонска репрезентативка во стрелаштво и учесничка на две олимпијади.

Се обидоа на јавноста и на судот да им кажат дека немало грешка во однесувањето на Пешиќ и оти мали физички контакти меѓу тренерот и учениците имало во сите спортови.

Побараа и Пешиќ да се брани од слобода поради влошено здравје оти веднаш по пријавата беше притворен и остана во притвор до 2018 година кога судот го пушти да се брани од слобода, но изрече посебни меки за претпазливост.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK