октомври 6, 2024

Маж од западна Австралија освоил 40 милиони долари на лотаријата Powerball. Но, интересно во целата случка е што откако го купил тикетот, го заборавил во задниот џеб. Дури по една недела му текнало да го провери, а кога влегол во продавница, продавачот му објаснил дека има добитен тикет.

„Тикетот го купив на 2 март, само еден час пред затворањето на ждрепката. Оттогаш го заборавив во задниот џеб. Сопственикот на добитниот тикет бил објавен во петокот, една недела откако го купил. Бев изненаден и шокиран кога ми кажаа дека сум освоил 40 милиони долари“, рече среќниот добитник.

И најголемиот добитник на џекпот досега во лотаријата кој има освоено 2,04 милијарди долари, се уште ја нема подигнато наградата. Овој тикет бил продаден во Алтадена, во Калифорнија, добитните броеви се 10, 33, 41,47, 56. Според законот, добитникот има рок од една година да си ја побара наградата.

 

The post Австралијанец заборавил на тикетот во задниот џеб, на крајот дознал дека е побогат за 40 милиони долари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK