октомври 6, 2024

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО ОШТЕТЕН ЗА МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА

На последната седница на советот на Општина Куманово беше изгласана предлог одлуката за отпис на парични побарувања по основ на комунална такса за фирма и данок на имот за правни и физички лица во износ од 1.300.000 евра.

Ваквото носење одлуки во советот повторно ни потврдува дека работењето на градоначалникот Максим Димитриевски е селективно и спротивно од интересите на жителите на Куманово.

Општинската администрација намерно не вршела надзор на законските даночни решенија, не превземала соодветни и навремени законски предвидени дејствија и свесно допринела за апсолутна застареност на побарувањата.

Жителите во Куманово реагираат дека општината ни е заробена и работи селективно и затоа бараат да се стави крај на оваа пракса. Истите споделија секојдневни проблеми каде за заборавена една неплатена сметка спрема јавните претпријатија без направена достава завршуваат кај некој од локалните извршители и со присилна наплата ги подмируваат побарувањата кои ги имаат доверителите од нив.

Левица ЛО Куманово го осудува ваквото селективно работење на градоначалникот. Штитење на негови блиски фирми и отпишување на долгови е спас за елитата, а истовремено присилната наплата ги осиромашува жителите на Куманово.

Левица

The post Буџетот на Општина Куманово оштетен за милион и триста илјади евра.. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK