ноември 21, 2024

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба” и две кривични дела „кражба”, извршени во периодот од јануари до март годинава од куќи, товарно возило и магацин на територијата на општина Штип.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Џ.И.(33), С.Р.(22), П.Н.(43), Д.Џ.(32) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.
Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK