ноември 22, 2024

Многу ми е жал што не напушти, изјави поранешниот соиграч на Михајловиќ.

Легендата на српскиот фудбал Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по тригодишна борба со леукемија.

Популарниот Миха ги освои најголемите играчки трофеи со Црвена звезда кога беше шампион на Европа и светот, а потоа негов соиграч беше славниот Дарко Панчев.

„Кобрата од Вардар“ и Синиша две сезони ја делеа соблекувалната на Маракана, а Дарко беше немоќен кога зборуваше за Миха.

– Не се лути, ама јас, кој никогаш не сум бегал од разговор сега неможам. Не знам, не можам. Ме погоди ова, катастрофа, што да ти кажам – му рекол Панчев на новинарот и додал:

Па, едноставно немам сила сега да зборувам за тоа. Многу ми е жал што не остави, што да кажам, ќе се слушнеме друг пат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK