ноември 24, 2024

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска плукаше по мртви луѓе за да се извади од сопствената “каша”.

Дарко Костовски денеска удри на својот починат претходник: Тврди дека Петре Латиновски работел против него со СДСМ

На прашање на Инфомакс дали како советник во општината Бутел во 2015 година го гласал деталниот урбанистички план кој предвидува изградба на седум згради во Бутел, Костовски почна да објаснува дека покојниот градоначалник на општината, Петре Латиновски работел против него во кампањата за локалните избори.

– Покојниот градоначалник имаше еден голем проблем со мене и тоа првпат го кажувам, не го гласав тој план и што е најинтересно јас бев остро пторив тоа и може да се види дека неколку пати тоа беше одложувано на моја иницијатива. Латиновски имаше проблем со мене токму по ова прашање и затоа во минатата кампања работеше против мене со мојот политички противник, со СДСМ, рече Костовски.

Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел. Латиновски функцијата градоначалник ја обавуваше во три мандати од 2005 до 2017 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK