ноември 24, 2024

Легендарниот мексикански актер Игнасио Лопез Тарсо, познат на јавноста по улогата на Мелесио во теленовелата „Есмералда“, почина на 98-годишна возраст.

Актерката Летисија Калдерон се прости од својот колега со емотивен статус.

„Небото прими светла ѕвезда. Изгубивме голем актер, човек, партнер, татко, дедо, пријател. Секогаш ќе се сеќавам како разговаравме и се смеевме со часови. Мојот Мелесио. Многу ќе ми недостигаш“, рече Летисија.

За потсетување Игнасио на сцената беше повеќе од седум децении, а до крајот на животот глумеше во театар и филм. Со Летиција глумеа заедно во сапуницата „Есмералда“, во која таа глумеше слепа девојка порасната во шумска кабина со старица која на породувањето ја сменила со нејзиниот син, бидејќи газдата сакал машко дете. Кога порасна, Есмералда се заљуби токму во тоа момче.

Со актерот Хозе Армандо беа најпопуларниот телевизиски пар.

The post Почина познатиот глумец од „Есмералда“, глумицата емотивно се прости од него appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK