октомври 6, 2024

Дваесет и две годишник од скопското село Цветово починал на работно место во приватна фирма во кривопаланечкото село Тлминци откако врз него паднал тврд предмет. 

-Во ОВР Крива Паланка вчера во 10.49 часот  било пријавено дека во село Тлминци, кривопаланечко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М.(22) од село Цветово, скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал, информира МВР во дневниот Билтен.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка и трудов инспектор. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK